
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Иако Светското првенство во фудбал 2026 сè уште не започнало, цените на билетите и пијалаците веќе предизвикуваат незадоволство кај навивачите, пренесува Open Magazine.
Прв показател за тоа што ги очекува посетителите беше пријателскиот натпревар меѓу Англија и Нов Зеланд на стадионот „Рејмонд Џејмс“ во Флорида.
Според информациите на британскиот весник The Sun, голема лименка пиво се продавала за 16,75 долари (14,47 евра), додека премиум пиво чинело дури 18 долари (15,55 евра).
Ниту посетителите кои не консумираат алкохол не поминале подобро, бидејќи шише вода се продавало по цена од 8,75 долари (7,56 евра).
Во меѓувреме, големите производители на пијалаци веќе ги чувствуваат позитивните ефекти од зголемената побарувачка во пресрет на Светското првенство.
„Дијажо“ во третиот квартал пријави силен органски раст на нето-продажбата во Европа, Латинска Америка и Африка, при што од компанијата посочија дека резултатите делумно се должат и на пораното купување пред претстојното Светско првенство. Производителот на брендовите Johnnie Walker, Guinness и Smirnoff оствари раст на нето-продажбата од 2,3 проценти, достигнувајќи 4,5 милијарди долари.
Раст на продажбата забележа и „Молсон Курс“, кој во првиот квартал оствари зголемување на нето-продажбата од 2 проценти, на 2,4 милијарди долари. Во регионот Америка продажбата порасна за 1 процент, на 1,9 милијарди долари.
Во исто време, „АБ ИнБев“ пријави раст на приходите од 5,8 проценти.
„Благодарение на силната реализација на нашите тимови и големите моменти за прослава што се пред нас, добро сме позиционирани за 2026 година“, изјави Мишел Дукерис, извршен директор на „АБ ИнБев“.
Зголемените цени на стадионите веќе предизвикуваат реакции кај навивачите, кои стравуваат дека следењето на натпреварите во живо ќе биде значително поскапо отколку на претходните мундијали.