
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.

| Средства за домашна хигиена |
| Категоријата средства за домашна хигиена во Македонија има големи можности за пораст и за иновации, доколку редовно се работи на едукација на потрошувачите. Таа е клучен елемент за да се создадат нови вредности, навики, дури и нова целна група потрошувачи кон кои компаниите ќе се фокусираат. Во Македонија, секако, има многу компании што пласираат квалитетени и иновативни производи, но патот до полицата и до кошницата на купувачите, секогаш е најтешкиот, исполнет со бројни препреки. На третата интерактивна конференција Talk IN Business, одржана на 2 февруари 2016 година, со дистрибутерите на познати брендови од оваа категорија, како и со трговците, имавме можност да разговараме за технолошките достигнувања, иновациите во производството, а беше и претставена сликата на домаќинства-потрошувачи, како и на поединци-потрошувачи на оваа категорија. Меѓусебната размена на знаењата и флексибилноста може да создадат поквалитетна понуда за крајните потрошувачи, а компаниите што го поминале пробивот со одреден бренд, споделија свои искуства, значајни за оние компании кои штотуку го почнуваат пласманот на нов бренд. На групните дискусии, со гостувањето на советникот од Министерството за здравство, Сефедин Јонузи, учесниците имаа можност да се информираат за обврските во согласност со Законот за хемикалии. Од друга страна, со дискусијата за позиционирање на средствата за домашна хигиена, како специфична категорија, се зборуваше за можностите за подобрување на видливоста на брендовите и за истакнување на нивните карактеристики. Повеќе од 20 најзначајни претставници од компаниите и од маркетите, кои се задолжени за категоријата козметика и средства за лична хигиена, имаа можност да се дружат, да дискутираат и да споделуваат искуства за предизвиците и за развојот на секторот. Меѓу присутните беа: „Тотал плус логистик", „дм дрогерие маркт", „Кола", „Рудине", „Даути", „Тим Поинт", „Нелт СТ", „СП маркет", „Актифф" и „Океан ком трејд". Интерактивните конференции Talk IN Business се одржуваат еднаш месечно и на секоја се обработува одредена категорија производи од FMCG-секторот. Се презентираат вредни информации од фокусирани истражувања на пазарот, анализи на актуелни трендови и проблематики но, пред сè, се споделуваат искуствата за категориите. Настанот беше поддржан од „Дуна" и во соработка со Амбасадата на Хрватска во Македонија, ГфК и со „Ипсос". Очекувајте покана за следната конференција! Поддржано од: |
Фото-извештај

Заклучоци од групните дискусии
Изјави од учесниците