
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Можност за автентични и традиционални производи
Во Македонија постојат поволни климатски услови и длабоки корени во традицијата за создавање вкусни и далеку познати сирења, штосе одлични услови за развивање на млечната индустрија. Но, компаниите во Македонија се соочуваат со многубројни проблеми, како недостиг од сурово млеко, болеста јазлеста кожа и со многу други дополнителни предизвици, кои секојдневно се појавуваат. Сепак, и покрај тоа, многу од нив успеваат да се издигнат над сите проблеми и со помош на добро воспоставените вредности, да го издвојат својот производ од конкуренцијата.
Седмата интерактивна Talk IN Business конференција, посветена на категоријата млеко и млечни производи, се одржа на 30 јуни, во Скопје. Свое излагање имаше Светлана Колариќ, државен советник за храна воАгенцијата за храна и ветеринарство. Таа ги пренесе основните начела за безбедност и за квалитет на млекото и на млечните производи, како и законските обврски за нивно означување. Освен тоа, таа нагласи дека многу земји, како Шпанија, Италија и Франција, имаат заштитено многу производи. Според неа, и во Македонијапостоиголем потенцијал за развој на автентичните видови од оваа категорија: Производството на сирење од непастеризирано млеко, од географски заштитени области, ќе ги задржи традиционалниот квалитет и вредноста на производот, што претставува значајна додадена вредност.
Можноста за афирмација на домашните производи ја истакна и Сања Стругаревиќ од „Ниелсен". Според податоците од оваа истражувачка агенција, карактеристично за категоријата млеко и млечни производи е тоа што потрошувачите ги претпочитаат локалните брендови. Таа додаде дека потенцијал за македонските млекарници е континуираниот извоз на македонското сирење.
Калина Медаровска од БРИМА го анализираше профилот на консументот на млечните поткатегории. Според податоците од истражувањето, од оваа категорија во земјава најредовно се консумира сирењето (51 отсто од учесниците се изјасниле како редовни консументи), следуваат јогуртот (45 отсто), кисело-млечни производи (41 отсто), млекото (38 отсто), а кашкавалот има најмал процент на редовни консументи (27 отсто).
Повеќе од четириесет учесници од компаниите и од институциите имаа можност да разменат искуства и мислења и заеднички да најдат решение за подобро работење. Присутни беа претставници од: Агенција за храна и ветеринарство, „Агро Илмлек", „Битолска млекара", „Бучен Козјак", „Вита нова", „Витаминка", „Денар дисконт", „Здравје Радово", „Јока", „Колид С тим", „Лакталис", „Мајкрософт" – Македонија, „Млекара Делчево", „Млекара Ѓорѓиеви", „Млекара Хит 73", Организација на потрошувачи, „Рептил", РСМ и „Текстил".
Спонзори на настанот се „Мајкрософт" – Македонија и РСМ, а конференцијата се одржува во соработка со Амбасадата на Хрватска во Македонија, „Нилсен" и со БРИМА.