
Четвртата интерактивна Talk IN Business конференција во Македонија, на тема „Дистрибуција и логистика“, успешно се одржа денеска во „Воденица Мулино“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Четвртата интерактивна Talk IN Business конференција во Македонија, од планираните 10 тематски, успешно се одржа денеска во „Воденица Мулино". Тема на конференцијата беше „Дистрибуција и логистика".
Организатор на регионалниот проект Talk IN Business е магазинот InStore, а македонската редакција успешно го пренесува ова искуство и во земјава.
Четвртата интерактивна конференција Talk IN Business, која е прва на тема – „Дистрибуција и логистика", беше ексклузивна можност на едно место да се сретнат производители, дистрибутери, логистичари, шпедитори, трговци, како и претставници од ИТ-секторот. Од заедничкото дружење произлегоа интересни и корисни решенија за поефикасно работење, како достава на производите до маркетите навечер, користење на ГПС, за координација меѓу дистрибутивните компании со цел намалување на метежот пред маркетите и др. Се зборуваше за позитивните и негативните страни на аутсорсингот во дистрибуцијата, како и за придобивките од иновативните софтверски решенија и во која мера тие придонесуваат за намалување на трошоците и за зголемување на ефикасноста. Меѓу присутните беа: „Кене + Нагел" (Kuehne + Nagel), „Витаминка", „Тинекс", „Кола", „АВТ-интернатионал", „Макпрогрес", „Викторија шпед", „Боми 10 логистик", „Нелт СТ", РСМ, „Сигма СБ", „Мактренд", „Маг комерц", „Пекабеско", „Квехенбергер", „Еуроимпекс" и „Алка дистрибуција".
Конференцијата ја отвори Верица Мартиновска, главен и одговорен уредник на македонскиот InStore. По неа, учесниците имаа можност да ја проследат презентацијата на Нестор Печевски, директор за логистика во „Тинекс", кој зборуваше за „Логистиката и дистрибуцијата во малопродажбата", а стана збор и за новиот логистички центар и решенијата што тој ќе им го понуди на сите партнери на „Тинекс". Во презентацијата на Дино Шкријељ, директор за логистика во „Кола" – „Оптимизацијата на работните процеси", тој зборуваше за придобивките и предизвиците со кои се соочува компанијата при оптимизација на магацинското и дистрибутивното работење и како преку мотивирањето на вработените се постигнува ефикасност и ефективност. По кафе-паузата, следуваше презентацијата на Владимир Трпаноски, комерцијален директор во „Витаминка", кој се претстави со презентацијата „Сопствена дистрибуција кај производствените компании" и преку примери од работењето на компанијата покажа кои се придобивките од сопствената дистрибуција и како успешно може да се синхронизира производството и дистрибуцијата.
Настанот беше поддржан од „Дуна", РСМ, „Маг комерц", Peugeot и „Викторија шпед", а во соработка со Амбасадата на Република Хрватска во Македонија.
Интерактивните Talk IN Business конференции се одржуваат еднаш месечно и на секоја средба се обработува одредена категорија производи од FMCG-секторот. Пред присутните се презентираат вредни информации од фокусирани истражувања на пазарот, анализи на актуелни трендови и проблематики но, пред сè, учесниците имаат можност за споделување на искуствата за категориите.