
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Посветувајќи им се на трендовите и на потребите на FMCG-секторот во Македонија, магазинот InStore, во петокот, 1 април, ја одржа петтата интерактивна Talk IN Business конференција. Овој пат на конференцијата се зборуваше за категориите пива, радлери и безалкохолни пијалаци.
Посветувајќи им се на трендовите и на потребите на FMCG-секторот во Македонија, магазинот InStore, во петокот, 1 април, ја одржа петтата интерактивна Talk IN Business конференција. Овој пат на конференцијата се зборуваше за категориите пива, радлери и безалкохолни пијалаци.
Минатата година се продадени 44 милиони литри пиво, радлер и безалкохолно пиво, во вредност од 3,2 милијарди денари. Македонците и понатаму го сакаат „класичното" светло пиво и најчесто купуваат пиво по потреба, во блиската маалска продавница. Ова се дел од податоците презентирани на Talk IN Business конференцијата, од истражувачката агенција „Нилсен ритеил". Според нив, вкупната продажба на газираната и негазираната вода во Македонија изнесува 66 милиони литри. Газираните води, количински, најмногу се продаваат во малите продавници, додека негазираните води, во големите и средни маркети.
На конференцијата беше претставена и сликата на консументите на пива, газирани и негазирани сокови, од страна на истражувачката агенција „Брима Галуп". Околу 44 отсто, на возраст од 25 до 54 години консумираат пиво. Додека газираните и негазираните сокови, околу 30 проценти, најчесто ги пијат помладите, од 15 до 34 години и тоа повеќе од четирипати неделно. Најчестите консументи се од скопскиот регион.
На конференцијата се дискутираше и на две интересни теми: управување со категориите – од магацин до полица и видливост на категориите на полиците. Учесниците имаа можност да дадат свои мислења, коментари и меѓусебно да разменат свои искуства.
На конференцијата, што се одржа во „Воденица Мулино", во Скопје, присуствуваа повеќе од 40 учесници од компаниите: „Центрофрута", „Рептил", „СП маркет", „Кола", „Атлантик трејд", „Лашко комерц", „Макминерал", „Денар дисконт", „Прилепска пиварница", „Магрони", „Кодинг", „Кожувчанка".
Спонзори на настанот се „Дуна", „Мајкрософт" и РСМ, а во соработка со Амбасадата на Хрватска во Македонија, „Нилсен ритеил" и „Брима Галуп".
Интерактивните Talk IN Business конференции се одржуваат еднаш месечно и на секоја средба се обработува одредена категорија производи од FMCG-секторот. Пред присутните се презентираат вредни информации од фокусирани истражувања на пазарот, анализи на актуелни трендови и проблематики но, пред сè, учесниците имаат можност за споделување на искуствата за категориите.
Кликнете тука за да погледнете како помина дружењето на петтиот Talk IN Business