
Магазинот InStore ја организира третата интерактивна Talk IN Business конференција на тема – „Средства за домашна хигиена“, која ќе се одржи утре, во „Воденица Мулино“, во Скопје.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Магазинот InStore ја организира третата интерактивна Talk IN Business конференција на тема – „Средства за домашна хигиена", која ќе се одржи утре, во „Воденица Мулино", во Скопје.
Talk IN Business е успешен регионален проект, кој македонската редакција на магазинот InStore првпат го пренесе во Македонија минатиот минатата година. Теми на првите две конференции беа категориите „Слатка програма" и „Козметика".
Во вторник, на 2 февруари, ќе се одржи третата интерактивна бизнис-конференција на тема „Средства за домашна хигиена", од циклусот 10, што ќе продолжат во текот на годинава. На конференцијата ќе учествуваат најзначајните играчи од оваа индустрија во Македонија и претставници од најголемите супермаркети. На Talk IN Business тие ќе имаат можност да дискутираат за потрошувачките навики, технологиите во производство на средства за домашна хигиена, колку индустријата го познава потрошувачот, за спецификите во позиционирањето на категоријата, како и за обврските на компаниите според Законот за хемикалии.
Интерактивните Talk IN Business конференции се одржуваат еднаш месечно и на секоја средба се обработува одредена категорија производи од FMCG-секторот. Пред присутните се презентираат вредни информации од фокусирани истражувања на пазарот, анализи на актуелни трендови и проблематики но, пред сè, учесниците имаат можност за споделување на искуствата за категориите.