
Третата интерактивна Talk IN Business конференција во Македонија, од планираните 10 тематски, успешно се одржа денеска во „Воденица Мулино“. Тема на конференцијата беше категоријата „Средства за домашна хигиена“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Третата интерактивна Talk IN Business конференција во Македонија, од планираните 10 тематски, успешно се одржа денеска во „Воденица Мулино". Тема на конференцијата беше категоријата „Средства за домашна хигиена".
Организатор на регионалниот проект Talk IN Business е магазинот InStore, а македонската редакција успешно го пренесува ова искуство по третпат и во земјава.
Претставници од компаниите и од маркетите, кои се задолжени за категоријата „Средства за домашна хигиена", имаа можност да се дружат, да дискутираат и да споделуваат искуства за предизвиците и за развојот на секторот. Меѓу присутните беа: „Тотал плус логистика", „Рудине", „Даути комерц", „Тим поинт", „Актифф", „Океан ком", „Кола", „дм дрогерие маркт", „Нелт СТ", „СП маркет" и претставници од „Охридска банка".
Конференцијата ја отвори Верица Мартиновска, главен и одговорен уредник на македонскиот InStore. По неа, дистрибутерите и трговците имаа можност да го проследат истражувањето на Боге Божиновски, генерален менаџер на ГфК, на тема „Употреба на детергенти за перење во македонските домаќинства", како и презентацијата на независниот консултант Оливер Гичевски– „Достигнувања во технологијата на производство на детергенти за перење алишта". По кафе-паузата, следуваше истражувањето „Бренд пулс – средства за хигиена во домаќинството", кое беше претставено од Благица Ангелковиќ, менаџер за истражување во „Ипсос".
Конференцијата беше заокружена со две групни дискусии. Гостин на првата тема – законски обврски на компаниите во согласност со „Законот за хемикалии", беше Сефeдин Јонузи од секторот за хемикалии во Министерството за здравство. Втората тема беше позиционирањето на производите од категоријата и соработка меѓу производителите и дистрибутерите со маркетите.
Настанот беше поддржан од „Дуна" и во соработка со Амбасадата на Хрватска во Македонија, ГфК и „Ипсос" – Македонија.
Интерактивните Talk IN Business конференции се одржуваат еднаш месечно и на секоја средба се обработува одредена категорија производи од FMCG-секторот. Пред присутните се презентираат вредни информации од фокусирани истражувања на пазарот, анализи на актуелни трендови и проблематики но, пред сè, учесниците имаат можност за споделување на искуствата за категориите.