
Втората интерактивна Talk IN Business конференција во Македонија, на тема „Козметика и средства за лична хигиена“, успешно се одржа денеска во „Воденица Мулино“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Втората интерактивна Talk IN Business конференција во Македонија, од планираните 10 тематски, успешно се одржа денеска во „Воденица Мулино". Тема на конференцијата беше категоријата „Козметика и средства за лична хигиена".
Организатор на регионалниот проект Talk IN Business е магазинот InStore, а македонската редакција успешно го пренесува ова искуство по вторпат и во земјава.
Повеќе од 30 најзначајни претставници од компаниите и од маркетите, кои се задолжени за категоријата „Козметика и средства за лична хигиена", имаа можност да се дружат, да дискутираат и да споделуваат искуства за предизвиците и за развојот на секторот. Меѓу присутните беа: „Унилевер" – Македонија, „Кола", „Колид С тим", „Рептил", „Рамстор", „Нелт СТ", „СП маркет", „Орбико", „Атлантик трејд", „Евростил трејд", „Харбини козметика", „СТ компани", „АВТ-интернатионал", „Тинекс", „Тим поинт" и „Хеар компани".
Конференцијата ја отвори Верица Мартиновска, главен и одговорен уредник на македонскиот InStore, а по неа, на присутните со поздравен говор им се обрати Звјездана Боровац, претставник од Амбасадата на Хрватска во Македонија.
Дистрибутерите и трговците имаа можност да го проследат истражувањето на генералниот менаџер на ГфК, Боге Божиновски на тема „Кој тип дезодоранс е вистинскиот – ролон, спреј или стик", како и анализата на InStore, што ја презентираше Мери Каталиниќ, која гипретстави последните трендови во светот и во Македонија, со фокус на карактеристиките на потрошувачот. По кафе-паузата, следуваше истражувањето „Бренд пулс – категории за козметика", кое беше претставено од Благица Ангелковиќ, менаџер за истражување во „Ипсос".
Конференцијата беше заокружена со оформување на три работни групи, во кои учесниците дискутираа на различни теми: канали на продажба и познавање на потрошувачот; специфики во позиционирањето на категоријата и соработка маркети-дистрибутери; како и рефлексии на светските трендови во Македонија. Заклучоците од групите, беа презентирани и споделени меѓу присутните.
Настанот беше поддржан од „Дуна" и во соработка со Амбасадата на Хрватска во Македонија, ГфК и „Ипсос" – Македонија.
Интерактивните Talk IN Business конференции се одржуваат еднаш месечно и на секоја средба се обработува одредена категорија производи од FMCG-секторот. Пред присутните се презентираат вредни информации од фокусирани истражувања на пазарот, анализи на актуелни трендови и проблематики но, пред сè, учесниците имаат можност за споделување на искуствата за категориите. Циклусот ќе продолжи во јануари 2016 година.