
Првата интерактивна Talk IN Business конференција во Македонија, од планираните 10 тематски, успешно се одржа денеска во хотелот „ТЦЦ Гранд плаза“. Тема на првата конференција беше категоријата „Слатка програма“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Првата интерактивна Talk IN Business конференција во Македонија, од планираните 10 тематски, успешно се одржа денеска во хотелот „ТЦЦ Гранд плаза". Тема на првата конференција беше категоријата „Слатка програма".
Организатор на регионалниот проект Talk IN Business е магазинот InStore, а македонската редакција за првпат го пренесе ова искуство и во Македонија.
Повеќе од 40 најзначајни претставници од компаниите и од маркетите, кои се задолжени за категоријата „Слатка програма", имаа можност да се дружат, да дискутираат и да споделуваат искуства за предизвиците и за развојот на секторот. Меѓу присутните беа: „Кола", „Колид С тим", „Рептил", „Јус МБ", „Рамстор", „Нелт", „СП маркет", „Свислион", „Орбико", „Макпрогрес", „Алка дистрибуција", „Нимекс", „Краш", „Атлантик трејд", „Денар дисконт" и „Европа".
Конференцијата ја отвори Верица Мартиновска, главен и одговорен уредник на InStore, а по неа, на присутните со поздравен говор им се обрати хрватската амбасадорка во Македонија, Данијела Баришиќ.
Кондиторите и трговците имаа можност да го проследат истражувањето на генералниот менаџер на ГфК, Боге Божиновски на тема „Разбирање на поткатегоријата кекси и бисквити", како и презентацијата на Оливер Гичевски, независен консултант, за позиционирањето и мерчендајзингот на производите од категоријата. По кафе-паузата, следуваше истражувањето на „Медиана" во соработка со „Гаус Пол" – „Интегрирано медиумско планирање на кампањи", кое беше претставено од Владо Рикаловски и Митко Анастасов.
Конференцијата беше заокружена со оформување на три работни групи, во кои учесниците дискутираа на различни теми: ширење на брендот на импулсивни производи; здрави безглутенски и функционални производи и соработка меѓу маркетите и производителите т.е. дистрибутерите за развој на категоријата „Слатка програма". Заклучоците од групите, беа истакнати и споделени меѓу присутните.
Настанот беше поддржан од „Дуна" и во соработка со Амбасадата на Хрватска во Македонија, ГфК, „Медиана" и „Гаус Пол".
Интерактивните Talk IN Business конференции ќе се одржуваат еднаш месечно и на секоја ќе се обработува одредена категорија производи од FMCG-секторот. Ќе бидат презентирани вредни информации од фокусирани истражувања на пазарот, анализи на актуелни трендови и проблематики но, пред сè, ќе се споделуваат искуствата за категориите.