
Магазинот InStore ја организира четвртата интерактивна Talk IN Business конференција, прва на тема – „Дистрибуција и логистика“, која ќе се одржи утре, во „Воденица Мулино“, во Скопје.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Магазинот InStore ја организира четвртата интерактивна Talk IN Business конференција, прва на тема – „Дистрибуција и логистика", која ќе се одржи утре, во „Воденица Мулино", во Скопје.
Четвртата конференција Talk IN Business е ексклузивна можност на едно место да се сретнат најголемите производители, дистрибутери, логистичари и трговци. Тие ќе имаат можност да разговаат на темите: предности на сопствената дистрибуција, оптимизација на работните процеси и централно магацинско работење.
Спонзори на настанот се: „Дуна", РСМ, „Маг комерц", Peugeot и „Викторија шпед", а во соработка со Амбасадата на Република Хрватска во Македонија.
Talk IN Business е успешен регионален проект, кој македонската редакција на магазинот InStore првпат го пренесе во Македонија минатата година. Теми на претходните конференции беа категориите „Слатка програма", „Козметика" и „Средства за домашна хигиена".
Интерактивните Talk IN Business конференции се одржуваат еднаш месечно и на секоја средба се обработува одредена категорија производи од FMCG-секторот. Пред присутните се презентираат вредни информации од фокусирани истражувања на пазарот, анализи на актуелни трендови и проблематики но, пред сè, учесниците имаат можност за споделување на искуствата за категориите.