
Магазинот InStore ви ја најавува седмата интерактивна Talk IN Business конференција, која ќе биде посветена на категоријата млеко и млечни производи.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Магазинот InStore ви ја најавува седмата интерактивна Talk IN Business конференција, која ќе биде посветена на категоријата млеко и млечни производи. Конференцијата ќе се одржи утре, во „Воденица Мулино" (Капиштец), во Скопје.
На седмата Talk IN Business ќе бидат презентирани истражувањата на агенциите „Ниелсен" – Србија и „Брима". Со најновите податоци од нивните истражувања, презентерите ќе дадат подетален преглед на категориите млеко и јогурт, како и за профилот на консументот на млечната категорија. Свое излагање ќе има и Агенцијата за храна и ветеринарство.
Седмата конференција Talk IN Business е ексклузивна можност на едно место да се сретнат најголемите производители, дистрибутери и трговци од млечната индустрија. Учесниците ќе имаат можност и за тематски дискусии, во кои преку размена на мислења, искуства и предлози за идно подобро работење, ќе зборуваат на темите: „Како до конкурентски и лидерски млечни производи" и „Тековни проблеми и предизвици во млечната индустрија".
Talk IN Business е успешен регионален проект, кој македонската редакција на магазинот InStore првпат го пренесе во Македонија минатата година. Интерактивните Talk IN Business конференции се одржуваат еднаш месечно и на секоја средба се обработува одредена категорија производи од FMCG-секторот. Пред присутните се презентираат вредни информации од фокусирани истражувања на пазарот, анализи на актуелни трендови и проблематики но, пред сè, учесниците имаат можност за споделување на искуствата за категориите.