
InStore ви ја најавува осмата интерактивна Talk IN Business конференција, на тема „Кафе и топли пијалаци“. Конференцијата ќе се одржи утре, во „Воденица Мулино“ (Капиштец), во Скопје.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
InStore ви ја најавува осмата интерактивна Talk IN Business конференција, на тема „Кафе и топли пијалаци". Конференцијата ќе се одржи утре, во „Воденица Мулино" (Капиштец), во Скопје.
На осмата Talk IN Business ќе бидат презентирани истражувањата на агенциите „Фокус маркетфоршунг" и „Нилсен" – Србија. Со најновите податоци од истражувањата, презентерите ќе дадат подетална анализа на промоциите во флаерите, како и преглед на категоријата во малопродажбата. Свое излагање на тема „Социјални медиуми: уште еден канал за промоција или можност за нови искуства?" ќе има Дарко Булдиоски од интернет-маркетинг академијата на „Clear View".
Осмата конференција Talk IN Business е ексклузивна можност на едно место да се сретнат трговците и најголемите производители и дистрибутери од индустријата за кафе и топли пијалаци. Учесниците ќе имаат можност и за тематски дискусии, во кои преку размена на мислења, искуства и предлози за идно подобро работење, ќе зборуваат на темите: „Дигиталната комуникација на компаниите" и „Културата на пиење кафе и топли пијалаци VS новата генерација купувачи".
Talk IN Business е успешен регионален проект, кој македонската редакција на магазинот InStore првпат го пренесе во Македонија минатата година. Интерактивните Talk IN Business конференции се одржуваат еднаш месечно и на секоја средба се обработува одредена категорија производи од FMCG-секторот. Пред присутните се презентираат вредни информации од фокусирани истражувања на пазарот, анализи на актуелни трендови и проблематики но, пред сè, учесниците имаат можност за споделување на искуствата за категориите.