
InStore ви ја најавува деветтата интерактивна Talk IN Business конференција, на тема „Месо и месни преработки“. Конференцијата ќе се одржи во петок (14 октомври), во „Воденица Мулино“ (Капиштец), во Скопје
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
InStore ви ја најавува деветтата интерактивна Talk IN Business конференција, на тема „Месо и месни преработки". Конференцијата ќе се одржи во петок (14 октомври), во „Воденица Мулино" (Капиштец), во Скопје.
На деветтата Talk IN Business ќе бидат презентирани истражувањата на агенциите „Фокус маркетфоршунг" и на „ГфК" – Македонија. Со најновите податоци од истражувањата, презентерите ќе дадат детален преглед на промоциите во флаерите, како и анализа на навиките на потрошувачите на сувомесни производи. Излагање на тема „Социјални медиуми: уште еден канал за промоција или можност за нови искуства?" ќе има Дарко Булдиоски од академијата за интернет-маркетинг на „Clear View".
Деветтата конференција Talk IN Business е ексклузивна можност на едно место да се сретнат трговците и најголемите производители и дистрибутери од месната индустрија. Учесниците ќе имаат можност и за тематски дискусии, во кои преку размена на мислења, искуства и предлози за идно подобро работење, ќе зборуваат на темите: „Позиционирај, промовирај, продавај!" и „Кои се вашите потрошувачи денес?".
Talk IN Business е успешен регионален проект, кој македонската редакција на магазинот InStore првпат го пренесе во Македонија минатата година. Интерактивните Talk IN Business конференции се одржуваат еднаш месечно и на секоја средба се обработува одредена категорија производи од FMCG-секторот. Пред присутните се презентираат вредни информации од фокусирани истражувања на пазарот, анализи на актуелни трендови и проблематики но, пред сè, учесниците имаат можност за споделување на искуствата за категориите.