
Магазинот InStore ја организира втората интерактивна Talk IN Business конференција на тема – „Козметика“, која ќе се одржи утре, во „Воденица Мулино“, во Скопје.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Магазинот InStore ја организира втората интерактивна Talk IN Business конференција на тема – „Козметика", која ќе се одржи утре, во „Воденица Мулино", во Скопје.
Talk IN Business е успешен регионален проект, кој македонската редакција на магазинот InStore првпат го пренесе во Македонија минатиот месец. Тема на првата конференција беше категоријата „Слатка програма".
Интерактивните Talk IN Business конференции се одржуваат еднаш месечно и на секоја средба се обработува одредена категорија производи од FMCG-секторот. Пред присутните се презентираат вредни информации од фокусирани истражувања на пазарот, анализи на актуелни трендови и проблематики но, пред сè, учесниците имаат можност за споделување на искуствата за категориите.
Во петок, на 27 ноември, ќе се одржи втората интерактивна бизнис-конференција на тема „Козметика", од циклусот 10, што ќе продолжат во текот на следната година. На конференцијата ќе учествуваат најзначајните играчи од козметичката индустрија во Македонија и претставници од најголемите супермаркети. На Talk IN Business тие ќе имаат можност да дискутираат за потрошувачките навики и колку индустријата го познава потрошувачот, за спецификите во позиционирањето на категоријата, за глобалната слика и за новите светски трендови, како и за нивната рефлексија во Македонија.