
Веќе трета година по ред InStore ви овозможува да влезете во престижното друштво на топ-100 брендови во Македонија на уникатен начин, преку специјалното издание 100 MUST HAVE...
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Веќе трета година по ред InStore ви овозможува да влезете во престижното друштво на топ-100 брендови во Македонија на уникатен начин, преку специјалното издание 100 MUST HAVE.
И годинава InStore организира избор на топ-100 брендови што секоја подобро снабдена продавница треба да ги има на полиците. Брендовите ќе бидат објавени во специјалното издание 100 MUST HAVE 2020/2021, кое ќе излезе на крајот од ноември.
Изборот се прави врз основа на телефонска и на теренска анкета што InStore ја спроведува на 50 категории производи. Во специјалното издание ќе има и истражувања од реномирани истражувачки агенции за најновите потрошувачки трендови, перцепцијата на квалитетот и цената, најчесто консумираните/користени македонски и странски брендови, споредба колку македонскиот потрошувач ги преферира македонските и странските брендови според категории...
Целта на проектот 100 MUST HAVE е да ја олесниме работата на трговците и на производителите/дистрибутерите – кај првите за изборот, а кај другите за поставување на производите во малопродажните места низ Македонија.
Изборот на топ-100 брендови е регионален проект на InStore. Специјални едиции се издаваат во Хрватска, Босна и Херцеговина и во Србија.
Вашиот бренд сигурно заслужува да се најде во престижното друштво, не чекајте, обезбедете го местото навреме!
За повеќе информации за продажбата на огласниот простор, може да нè контактирате на:
тел. +389 70 375 220, srme@instore.mk
тел. +389 71 26 24, meri@instore.mk