
Иницијативата е од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), како дел од предлозите за унапредување на работното законодавство
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Владата ја прифати иницијативата денот недела да биде прогласен за неработен ден и го задолжи Министерството за труд и социјална политика во рок од 15 дена да достави законско решение за ова прашање, објави премиерот Зоран Заев.
Ова решение е во интерес на граѓаните, неделата треба да биде ден посветен на одмор, ден за поквалитетно време за секој граѓанин на кого тоа му е потребно, ден за семејството, ден за себе, образложи Заев.
Иницијативата е од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), како дел од предлозите за унапредување на работното законодавство заради заштита на работничките права и обезбедување баланс помеѓу работата и семејството.
InStore пишуваше за оваа иницијатива уште кога истата беше предмет на преговори меѓу ССМ и Министерството за труд и социјална политика. Прашавме трговци, како тоа ќе се одрази врз нивната работа, а став побаравме и од Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија.
Во таа насока, евентуалното неработењето во недела и на државни празници може да се спроведе единствено доколку ова прашање се регулира преку соодветно законско решение и истото се почитува од страна за сите засегнати субјекти. Со други зборови, успешноста на оваа иницијатива би зависела исклучиво од ажурноста и неселективниот пристап на законодавецот, односно соодветните инспекциски органи, ни рекоа од Здружението.
Целиот текст на InStore прочитајте го тука.