
Ова се втори парични награди во текот на една година
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Управата на „Подравка“ донесе одлука за исплата на еднократна награда на вработените од по 1.000 куни (132 евра) поради остварени успешни резултати во работењето во првите девет месеци од годинава и така им заблагодари за придонесот и ангажманот во текот на пандемијата.
Покрај тоа, во согласност со Колективниот договор на групацијата „Подравка“, на секој вработен за секое дете до 15 години кое преку него остварува право на здравствена заштита, му се дава подарок за Божиќ во вредност од 600 куни (80 евра).
Сакаме да им се заблагодариме на сите наши вработени за нивниот придонес во работењето. Годинава општеството беше изложено на бројни негативни влијанија, но покажавме дека компанијата е подготвена во многу краток рок да го трансформира работењето и да одговори на предизвиците со кои секојдневно се среќаваме. Уверен сум дека ќе продолжиме да градиме уште поуспешна „Подравка“, изјави Марин Пуцар, претседател на Управата.
„Подравка“ во текот на оваа година двапати ги награди вработените со парични награди.