
Песимистот гледа тешкотии во секоја нова можност, а оптимистот гледа нова можност во секоја тешкотија (Винстон Черчил)
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Песимистот гледа тешкотии во секоја нова можност, а оптимистот гледа нова можност во секоја тешкотија.
Винстон Черчил
Предизвиците што ги носи пандемијата на коронавирусот во краток рок, на глобално ниво, ги погодија апсолутно сите сегменти на компаниите и на нивното работење. Ваквиот дисруптивен настан наметнува нови правила кои бараат иновативни решенија,
редефинирање на некои клучни процеси, како и модели за управување со работењето.
Во „Франк“ внимателно го следиме развојот на состојбите, се адаптираме, бидејќи не очекуваме брзо враќање на старо, и систематски ги разгледуваме начините и моделите на дејствување што ќе овозможат успешно управување во кризни околности и одржлив
бизнис во „новото нормално“. Справувањето со кризните состојби и адаптацијата кон новите сегменти во работењето, како што е состојбата со корона-пандемијата, се пред сè особини во карактерот на секоја личност, а особено на лицата што се раководители на компании од FMCG-секторот. Долгогодишното работење во оваа индустрија, но и поддршката од целата мрежа на компанијата ме обликува во лице кое ги дочекува предизвиците на цврсти нозе, како можност да ме научи на нешто ново.
Во ситуација која донесе многу предизвици за нас беше клучно да покажеме високо ниво на флексибилност и навремено да одговориме на импулсите на пазарот обезбедувајќи континуитет на вредностите.
Оптимистичкиот пристап кој го имам кон животот, но и кон решавањето на сите препреки, овозможува поинаков поглед кон состојбата, овозможува креативност која им дава во работата, пред сè, поттик на колегите и на тимот, а потоа и резултати. Потребата од континуиран развој и од иновативност во пристапот кон креирање на производите оваа година уште како се докажа како најпотребна. Топлите напивки,новата програма на функционалните чаеви на „Франк“ ̶ Detox, Calm, Immune и Energise, беа лансирани минатата година и ја покажаа нивната адаптибилност и се поттик за поголема грижа кон здравјето и кон здравиот начин на живот.
На крајот, би истакнал дека секоја криза, вклучително и оваа, ја разбирам како можност за промена што и онака стана почеста во FMCG-индустријата. Во ситуација која донесе многу предизвици за нас беше клучно да покажеме високо ниво на флексибилност и навремено да одговориме на импулсите на пазарот обезбедувајќи, на тој начин, континуитет на сите оние вредности врз кои „Франк“ е основан пред 128 години.