
Германската канцеларија за заштита на конкуренцијата одобри купување на 116 продавници „Реал“ во Германија од малопродажните синџири „Кауфланд“ (групација „Шварц“) и „Глобус“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Германската канцеларија за заштита на конкуренцијата одобри купување на 116 продавници „Реал“ во Германија од малопродажните синџири „Кауфланд“ (групација „Шварц“) и „Глобус“.
Канцеларијата донесе конечна одлука во корист на „Кауфланд“ со што синџирот ќе може да преземе 92 продавници „Реал“ во Германија, „Глобус“ доби одобрение за купување на 24 продавници.
„Кауфланд“ се пријави за преземање на 101 продавница, но според Агенцијата трговецот мораше да се откаже од девет, бидејќи во спротивно конкуренцијата ќе беше загрозена.
Германскиот синџир „Едека“ исто така беше заинтересиран за купување, но Канцеларијата го стави нивниот случај во мирување. Крајниот рок за одлука е продолжен до 22 февруари 2021 година.
Да потсетиме, на почетокот на оваа календарска година, матичната компанија „Метро“ го продаде синџирот хипермаркети „Реал“ на луксембуршкиот фонд СЦП, во кој главно има руски инвеститори.