
Компанијата „Кока кола“, нераскинливо поврзана со божиќната празнична сезона, ја објави својата најнова празнична реклама со која одбележува 100-годишен јубилеј од лансирањето на својата прва божиќна кампања
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Кока кола“, нераскинливо поврзана со божиќната празнична сезона, ја објави својата најнова празнична реклама со која одбележува 100-годишен јубилеј од лансирањето на својата прва божиќна кампања.
Глобалната кампања насловена „The Letter“ („Писмото“), создадена со помош на креативната агенција Wieden + Kennedy Лондон, ги поттикнува луѓето за овој Божиќ на саканите да им подарат нешто што само тие го можат – самите себе.
Рекламата почнува со сцена во која едно девојче му подава на својот татко писмо адресирано до Дедо Мраз, кое тој треба да го прати по пошта на пат кон работа. Меѓутоа, поради работата, тој заборава да го стори тоа. Не сакајќи да го прекрши ветувањето кон својата ќеркичка, тој се решава на радикален чекор – да премине мориња, шуми и планини за да стигне до Северниот пол, каде Дедо Мраз чека со својот брендиран „Кока кола“ камион.
Дедо Мраз го качува таткото во камиот и го враќа дома, враќајќи му го назад писмото. Овој го отвора и ја чита праката од својата ќерка – „Драг Дедо Мраз, те молам врати го тато дома за Божиќ“. Мисијата е завршена.
Погледнете: