
Гестот што го направи Кристијано Роналдо, на прес конференцијата пред натпреварот Португалија - Унгарија, уште еднаш покажа колку се кршливи дури и најголемите брендови кога ќе се соочат со ваква анти - реклама
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Гестот што го направи Кристијано Роналдо, на прес конференцијата пред натпреварот Португалија - Унгарија, уште еднаш покажа колку се кршливи дури и најголемите брендови кога ќе се соочат со ваква анти - реклама.
Капитенот на Португалија, на почетокот на прес конференцијата, ги тргна шишињата на „Кока-кола“ од масата пред него, со кратка порака: „Пијте вода“. „Кока-кола“ е еден од главните спонзори на ЕУРО 2020.
И додека за обичниот свет, ова беше еден симпатичен гест, директорите на компанијата имаат причина за загриженост - негативната реклама, гестот на мега ѕвездата Роналдо, придонесе вредноста на компанијата на берзите, да падне за дури четири милијарди евра. Вредноста на една акција на „Кока - кола“ пред потегот на Роналдо вредеше 56.10 долари, а потоа падна на 55.22 долари. Односно - од 242 милијарди долари падна на 238 милијарди долари.
Погледнете: