
Walkers ја слави британската национална љубов кон чипсот преку првата кампања што ги обединува сите видови и вкусови на брендот...
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Walkers ја слави британската национална љубов кон чипсотпреку првата кампања што ги обединува сите видови и вкусови на брендот.
Британскиот бренд Walkers лансира нова кампања, која доаѓа откако познатите чипсови беа отсутни од полиците на супермаркетите во Велика Британија и по недостигот на овие грицки со кој се соочи нацијата на крајот од минатата година.
Мултимилионската кампања „Britain's Most-Loved Crisps“ (Најсаканите чипсови на Британија), која вклучува ТВ-реклама и дигитално рекламирање, има цел да ја нагласи радоста што Walkers им ја носи на своите обожаватели.
Во центарот на кампањата е телевизиски спот од 30 секунди, со камера поставена на дното од пакувањето, од гледна точка на чипсот. Спотот, проследен со песната It Must Be Love на „Меднес“, е склопен како колаж од снимки што прикажуваат различни луѓе, кои со радост уживаат во јадењето на различните видови чипс Walkers. Всушност, ова е првата кампања што ги обединува сите видови и вкусови на брендот на едно место.
Фернандо Кахане, виш маркетинг-директор за брендот во „Пепсико“, вели: Сфаќаме колку на нацијата ѝ недостигаа омилените чипсови. Лансирањето на новата реклама го препознава тоа и го прославува уживањето што го нуди портфолиото на Walkers.