
Следејќи го јазикот на гејмерските трејлери и возбудата што се јавува при најавата за нова игра, кампањата Tag The Game се потпира на создавање лажен трејлер за игра во реалниот свет...
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Следејќи го јазикот на гејмерските трејлери и возбудата што се јавува при најавата за нова игра, кампањата Tag The Game се потпира на создавање лажен трејлер за игра во реалниот свет.
Во новата кампања Tag The Game брендот Persil ги охрабрува децата и адолесцентите повеќе да играат надвор и да ги валкаат своите алишта преку доброосмислена измама со врвни гејмерски инфлуенсери.
Следејќи го јазикот на гејмерските трејлери и возбудата што се јавува при најавата за нова игра, кампањата се потпира на создавање лажен трејлер за игра во реалниот свет. Станува збор за играта „tag“, слична на „брканица“.
Лажниот маркетинг-материјал бил испратен до шест гејмерски инфлуенсери, со вкупен досег од 10,2 милиони прегледи на различни видеоплатформи, вклучително и на „Твич“. Идејата на кампањата е да ги „намами“ и „возбуди“ младите гејмери за новата видеоигра, откривајќи им на крајот дека, сепак, таа е ексклузивно достапна само во реалниот свет.
Тати Линденберг, заменик-претседател за маркетинг во „Унилевер“ и задолжена за платформата „Dirt Is Good“ (Нечистотијата е добра) на Persil, вели: Повеќе од 20 години веруваме дека кога децата се слободни да се валкаат, тие можат да го остварат својот целосен потенцијал. Дамките на облеката се знак на добро проживеан детски живот. Кога сфативме дека сè повеќе деца губат контакт со природниот свет, сакавме да направиме нешто за да ги возбудиме да излезат надвор и повторно да се извалкаат. За да го направиме тоа на начинот на кој зборува нашата публика, наместо да се бориме против светот на игрите, одлучивме да ја искористиме неговата моќ.
Авторот на музиката е уметникот Вудкид, кој со години е популарен избор за трејлери за вистински видеоигри.