
Првиот вегански фустан во светот на високата мода, направен од какао-зрна, е инспириран од сладоледот Magnum...
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Првиот вегански фустан во светот на високата мода, направен од какао-зрна, е инспириран од сладоледот Magnum.
За да го означи лансирањето на новите вегански вкусови, премиум брендот сладоледи Magnum, во сопственост на „Унилевер“, се здружи со авангардната холандска дизајнерка Ајрис ван Херпен и со моделот Синди Бруна.
Креацијата што произлезе од таа соработка е вегански фустан од какао-зрна, премиерно претставен на Париската модна недела. Ова е првиот фустан од тој тип во светот на високата мода.
Луксузниот вегански фустан е создаден со помош на сложен 3-димензионален дизајн во форма на витли од кафена ткаенина направена од лушпи од какао. Дизајнот го имитира топењето на чоколадото врз сладоледот. Лушпите од какао се обработени на етички и одржлив начин, а потоа се претворени во целосно органски биполимерен материјал.
Создавањето на веганскиот фустан Magnum ја поддржува одржливата стратегија на брендот на „Унилевер“ и работата на трансформација на отпадниот материјал во циркуларно решение. Од друга страна, фустанот е потврда и за амбициите на холандската дизајнерка кон целосно одржлив производствен синџир во модната индустрија.