
Сашо Димоски e генерален директор на Гебрудер Вајс – Македонијa. Во интервјуто за InStore зборува за деловните трендови за кои компаниите мора да се подготват, за што говореше и на 8 FMCG SUMMIT SKOPJE
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Сашо Димоски e генерален директор на Гебрудер Вајс – Македонијa. Во интервјуто за InStore зборува за деловните трендови за кои компаниите мора да се подготват, за што говореше и на 8 FMCG SUMMIT што се одржа на 27 октомври во Скопје. Логистиката во последните години е драстично интензивирана ако ja разгледувате како број на пратки, волумен итн. Треба да знаете како ќе се справите со огромниот проток на информации и податоци, за што се потребни соодветни системи и промена на начин на размислување. И тоа ќе биде еден од основните постулати за успех на сите компании, истакна во интервјуто Димоски.
Тој ја истакна и предноста на што македонскиот пазар во поглед на логистиката: Ако се земат предвид земјите од соседството Македонија сè уште има предност, бидејќи нашиот пазар, поради географската положба и нашето искуство во работењето е мини логистички хаб за Косово и Албанија. Тој додава дека тоа треба да се искористи, но да се развива пропорционално со развојот на дигитализацијата во логистиката.
Погледнете го видеоинтервјуто: