
Македонските компании ги познаваат само традиционалните банкарски и финансиски инструменти, а воопшто не се запознаени со можностите што ги нудат алтернативните финансиски извори.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево и Скопје.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Македонските компании ги познаваат само традиционалните банкарски и финансиски инструменти, а воопшто не се запознаени со можностите што ги нудат алтернативните финансиски извори. Токму затоа е клучна соработката на компаниите со финансиските фасилитатори. Ова го нагласи нашата соговорничка Сашка Костовска Длака, финансиски фасилитатор, говорник на 8 FMCG SUMMIT SKOPJE.
Најчестите проблеми на компаниите се појавуваат во имплементацијата на проектите, бидејќи грантовите шеми се реализираат во согласност со инструменти со одредени правила и буџети. Задолжително е да се следат плаќањата и инвестирањата, кои треба да се во согласност со проектот, изјави за InStore Костовска Длака.
Погледнете го видеоинтервјуто со Сашка Костовска Длака: